Истражување: Волците од Чернобил се поотпорни кон рак

Дивите волци, кои живеат во опасната зона кај Чернобил, развиле отпорност кон рак и тоа би можело да даде нови сознанија за тоа како да се спречи болеста кај луѓето, посочува ново научно истражување.
Кара Лав, биолог од Принстон, Њу Џерси, САД, 10 години ги проучувала сивите волци. Нејзините сознанија откриваат дека кај овие животни е променет имунолошкиот систем, слично како кај пациентите со рак кои се изложени на зрачење. Таа забележала дека волците од Чернобил преживуваат и напредуваат, и покрај долгогодишната изложеност на радиоактивни честички во нивните тела.
Најголемата нуклеарна катастрофа во светот по кобната 1986 година ослободи радијација што предизвикува рак, но се чини, токму тоа и ги направило волците отпорни на канцер.
Животните коишто живеаат во опасната зона кај Чернобил во Украина (инаку забранета за луѓето), се од интерес за многу научници ширум светот. Генетичарката Елејн Острандер, на пример, лани истакна дека таквите истражувања може да водат кон поделотворни начини на лекување и спречување рак кај човекот.
Ново на Сител
-

Марта Кос утре во Скопје на средба со премиерот Мицкоски
-

Поротниците од скопски Кривичен суд од денеска на мирен протест
-

Статистика измери инфлација од 3,4% во јуни, Пазарна констатира зголемени профитни маржи кај трговците
-

Жестока дебата во Собранието за пензиите
-

“Клексан” и три други антикоагуланти од 1 јули се на позитивната листа и достапни во аптеките
-

По 25 години - нов етички кодекс за новинарите
-

Нов етички кодекс за пратениците - ќе се стави ли крај на навредите во Собранието?
-

Нов доказ во случајот со оддавање службена тајна
