Истражување: Секој трет Британец штеди на основни потреби

Ново истражување покажа дека 66 отсто од Британците се загрижени за својата финансиска состојба во наредните месеци, додека 31 отсто изјавиле дека ги намалуваат трошоците за храна и греење со цел да „врзат крај со крај“, пренесе „Скај њуз.
Според истражувањето спроведено од организациите ТСБ и Лајтнинг рич („Lightning Reach“), 38 отсто од испитаниците навеле дека нивната финансиска состојба се влошила во споредба со минатата година. Податоците укажуваат на значителен притисок врз домаќинствата, кои сè почесто се соочуваат со зголемени трошоци за живот. Околу 25 отсто од граѓаните признале дека користеле заштеди за покривање на секојдневните трошоци, додека 16 отсто изјавиле дека позајмиле пари од семејството или пријатели за да ги покријат основните потреби.
Истражувањето исто така покажало дека 51 отсто од испитаниците во моментот се наоѓале во долгови, а од нив 42 отсто навеле дека нивниот долг се зголемува. Ова се случува во период кога геополитичките тензии на Блискиот Исток придонесуваат за раст на цените и зголемување на каматните стапки на хипотекарните кредити.
Според основачот на Лајтнинг рич, Рен Џи Хуи, постојат повеќе форми на финансиска поддршка за која граѓаните не се добро информирани.
Портпарол на британското Министерство за енергетска безбедност и нето-нула емисии соопшти дека решавањето на кризата со пристапноста е приоритет на Владата, додавајќи дека сметките за енергија се намалени во април благодарение на буџетските мерки. Според него единствениот начин за долгорочна заштита од ценовни шокови е намалување на зависноста од пазарот на фосилни горива и преминување кон поодржливи извори на енергија.
МИА
Ново на Сител
-

МОН финансира по 600 илјади денари за 14 македонско-австриски научни проекти
-

Муцунски: Постои желба во Брисел за стимулирање на дијалог меѓу Македонија и Бугарија
-

Определен 30-дневен притвор за Стефан Богоев и уште три осомничени лица
-

Македонско-грчки бизнис ИКТ форум во Скопје
-

Виртуелниот простор станува нова сцена за врсничко насилство
-

Побаран притвор за Стефан Богоев за поткуп од 1800 евра
-

Македонија меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа
-

Тема на денот со министерката за финансии Кочоска
