Нуркачи пронајдоа 1.700-годишен римски мост во Швајцарија

Швајцарските нуркачи открија битен мост од древноримската ера, по којшто научниците и истражувачите трагаа со години. Се верува дека ова би можело да биде засега единствениот ваков пример за дрвен мост на столбови што постои.
Додека беа во тек плановите за изградба на нов мост над реката Аре, швајцарските археолози ја открија градбата при рутинско истражување во областа, инаку близу Золотурн, Швајцарија. И претходно имаше сомнежи дека местото содржи столб на мост, или пак, структура од дрвени столбови. Археолозите беа особено заинтересирани поради неговата „стратешка географија“ и „позиција по важната трансалпска трговска и воена рута“. Овој долго баран мост беше дел од главниот пат што ја поврзувал древна Италија со реката Рајна, објави „ЛБВ (LBV)“.
Колците, долги малку помалку од два метра и распоредени во насока на течението на реката, обезбедија прв физички доказ. По анализата на дрвото и остатоците од мостовата структура, потврдено е дека мостот датира од 4 век.
Историски гледано, латинското име на градот Золотурн е латинизиран келтски топоним (Салодурум) што се толкува како „стеснување на реката“ или „порта на брановите“.
Бидејќи дрвото старо 1.700 години би се распаднало ако е изложено на воздух, денешниот градежен проект нема да го оштети скапоценото дрво потопено во реката, па тоа ќе остане во својата „водна гробница“, според „Херитиџ дејли (Heritage Daily)“. Археолозите ќе продолжат да го проучуваат мостот, и се надеваат дека ќе добијат нови сознанија за тоа како бил изграден и како функционирал во огромната мрежа што ги поврзувала Средоземното Море и северна Европа.
Золотурн – и денес живописен град, некогаш имал важно стратешко значење поради својата местоположба на реката Аре. Оваа област била добро развиена и поврзана со важни патишта. Римјаните го изградиле овој столб на мостот за да го зајакнат клучниот премин.
МИА
Ново на Сител
-

Приведени пет турски државјани во Скопје поради нерегулиран престој
-

Запленети пури во вредност од четири илјади евра
-

Девизните резерви 5,21 милијарда евра
-

Завршува учебната, основците и средношколците одат на летен распуст
-

Интерпелацијата на министерот за земјоделство Трипуновски пред пратениците
-

Вашингтон ги повика европските земји да воведат ограничувања за патувања поради еболата
-

ЕУ предлага пакет поддршка за земјоделците погодени од трошоците за ѓубрива
-

Украина изврши нови напади врз Москва и повеќе руски региони
