Истрага за осомничен за продажба на кокаин во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека вршело кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Како што информира ОЈО, при претрес во домот на улица „Илинденска“ во Тетово, во кој осомничениот живеел како потстанар, полицијата пронашла вкупно околу 44 грама кокаин и околу 3 грама метамфетамин. Дрогата била спакувана во повеќе помали пакувања и наменета за илегална продажба, а во станот била пронајдена и дигитална вага со траги од наркотици.
Поради околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и ризик осомничениот да продолжи да го врши кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од тетовскиот суд достави предлог за определување мерка притвор.
МИА
Ново на Сител
-

ЕСМ: Обвинителството ги искривило исказите на инженерите
-

Нови обвинувања за уставните измени
-

Владата ги анализира кредитните понуди
-

Измените во собраниска процедура - родителите на насилните ученици ќе плаќаат казни
-

Сејф сити ќе казнува мотори и тротинети
-

Цените кај храната стабилни, ако има потреба Владата ќе носи мерки
-

Жените да создадат навика за редовни гинеколошки прегледи
-

Нов повик за финансиска поддршка на мали претпријатија
