Loading Video...
Свет
23. August 2023 - 16:27

Историски успех на Индија - Леталото Чандријан-3 слета на јужниот пол на Месечината

Лендерот Викрам на Чандрајаан-3 слета на јужниот пол на Месечината, што всушност е и првото летало што допира во близина на оваа атрактивна дестинација за истражување, совршена за идно населување на земјиниот сателит, односно отворање на бази со човечка посада.

Денешната успешна мисија ја впиша Индија како вселенска сила,  и на земјата ќе и овозможи да истражи дали има воден мраз на Месечината, кој би можел да ги снабдува со гориво, кислород и вода за пиење идните мисии, и затоа овој регион на Месечината е од интерес на Кина, Русија и Индија.

Чандрајан 3 слета на Месечината откако пред неколку дена тоа не и успеа на руската Луна 25, која наместо да слета на темната страна на Месечината излезе од контрола и се урна на месечевата површина.

Во исто време активна е и програмата Артемис, со која НАСА планира спушање на човечка посада на Месечината во 2025