Искушенија околу слабеењето и како да се избегнат?

Понекогаш е тешко да се намали тежината и не е јасно зошто една личност едноставно не може да се ослободи од тие „последни“ неколку килограми? Одговорот е во тоа што луѓето имаат одредени погрешни навики коишто го спречуваат слабеењето. Според Анџана Чахабра, лекарка од Институтот за управување со тежината во Хекенсек, Њу Џерси, САД, постојат три навики што ги уништуваат напорите за слабеење и човекот треба да ги избегнува.
Без јадење доцна навечер!
Полноќниот оброк можеби звучи и изгледа примамливо, но еден од вообичаените начини „да ги саботирате“ напорите за слабеење е токму јадењето „во ситните часови“. Кога се јаде доцна навечер, поверојатно е храната да се претвори во маснотии, наместо во енергија, бидејќи телото тогаш природно се одмара, наместо да се движи.
Совет: Ако се чувствувате гладни пред спиење, обидете се со пиење чаша вода, наместо оброк. Исто така, препорачливо е да се јаде доволно порано во денот, за да не се гладува во часовите кога се оди в кревет.
Не се избира храна поведена од „социјален притисок“, т.е. друштвото
Само затоа што некој е „во такво друштво“, не значи дека треба да јаде сè што јадат пријателите. Сосем нормално е тој / таа еднаш - двапати да се опушти со друштвото, но важно е да се има план за надминување на тој социјален притисок што може да го доживее. Во ред е, на пр., да уживате во вечера со пријателите, но ако го прескокнете десертот.
Совет: Ако треба брзо и безбедно губење на тежината без пречки, важно е изборот на храна да не се прави по туѓиот ум и разум.
Придржувајте се до планот за слабеење!
Советот тука вели прво да се разговара со тренер за слабеење, кој може да помогне со делотворен план за слабеење. Откако ќе се состави тој план, човекот мора да се држи до него.
Понекогаш луѓето почнуваат со новите навики, но брзо се враќаат на старите. Тренерот може да помогне да се остане доследен /-на на напорите за слабеење и може да мотивира, во миговите кога работите стануваат тешки.
Ново на Сител
-

Двајца македонски државјани прогласени за непожелни во Албанија
-

Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена
-

МЗ: Состојбата во Гостивар континуирано се следи, намален вкупниот број прегледи
-

Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење
-

Кривична за сопственик и фирма поради сомнение за даночно затајување над 7,2 милиони денари
-

Групна тепачка помеѓу шест лица во Шуто Оризари
-

24-годишен тетовец со тврд предмет ја нападнал својата мајка
-

Ангелов и Јанчев: Пожарот во Кавадаречко се очекува до крајот на денот да биде изгаснат во целост
