Искористени сите 1700 вакцини за сеознски грип во Струмица
Заврши вакцинацијата против сезонски грип во Струмица . За околу една недела 1700 лица од струмичко валандовскиот регион биле вакцинирани против сезонски грип. Од центарот за јавно здравје во Струмица велат дека граѓаните годинава покажале поголем интерес поради што за кратко време биле искористени сите планирани и нарачани вакцини. Структурата на граѓани кои покажале интерес да се вакцинираат портив сезонскиот грип е различна, но најзастапени се возрасните над 65 години.
- Беа опфатени најмногу возрасната група над 65 години бидејќи интересот кај нив е најголем, но и помладите возрасни групи коишто имаат хронични заболувања почнуваат веќе редовно да се вакцинираат, така што односот во проценти беше некаде 67% за групата над 65 години, со хронични заболувања скоро сите освен некои 0,7% што се без хронични заболувања. Останатото припаѓа на групата од 30 до 64 години . Здравствени работници за жал мал интерес, само 30 здравствени работници беа вакцинирани, вели примариус доктор Силвана Петковска
Од центарот за јавно здравје велат дека поради благо зголемениот интерес во однос на минатата година околу педесетина лица останале невакцинирани. Слична била состојбата и во останатите центри низ државата па токму затоа и не останал вишок на вакцини со кој би можела да се покрие бројката на оние граѓани кои покажале интерес. Следејќи ја ваквата состојба од струмичкиот центар за јавно здравје за иднина најавуваат зголемување на бројот на вакцините.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
