Исчезна бистата на Славко Јаневски од алејата на поетите во Струга
Вандалски чин во Струга. Исчезна бистата на македонскиот поет Славо Јаневски од постаментот во склоп на алејата на поетите на кејот на Црн Дрим. Бистата на поетот Славко Јаневски е откорната, додека бистите на поетите Ацо Шопов и Сергеј Есенин се расклатени во обид да се откорнат од постаментите.
Исчезнувањето, односно кражбата е пријавена во полициската станица од струшките вечери на поезијата апелираат да се подигне јавната свест за значењето и угледот на Струга како светска престолнина на поезијата.
Сличен вандалски чин се случи на 1 октомври 2021 година кога бистата на познатиот македонски поет Анте Поповски беше откроната од постаментот и беше фрлена во крајбрежјето. Истата беше санирана, дополнително зацврстена и вратена на постаментот.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
