Иран објави три црвени линии во преговорите со САД

Иранските државни медиуми денеска ги објавија црвените линии Техеран во преговорите со САД. Тоа се нуклеарната програма, Ормуска Теснина и замрзнатите средства.
Иранската новинска агенција (ИРНА) наведе дека „инфраструктурата на иранската нуклеарна програма“ не е предмет на компромис. Иран поседува речиси 400 килограми високо збогатен ураниум, за кој Техеран тврди дека е за мирнодопски цели.
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека збогатениот ураниум на Иран или ќе биде испратен во САД за да биде уништен или ќе биде уништен на друго место.
Збогатениот ураниум или веднаш ќе им биде предаден на САД и таму ќе биде уништен или ќе биде уништен на самото место, или на друга прифатлива локација во координација со Техеран, објави синоќа Трамп на својата платформа „Трут соушал“ (Truth Social).
Како втора црвена линија на Техеран се наведува „признавањето на правото на Иран на разузнавачки и оперативен надзор“ над Ормуска Теснина.
Иран подолг период заговара одреден облик на контрола над Ормуска Теснина по постигнувањето договор за прекин на огнот,
Трета црвена линија е ослободување на иранските финансиски средства, кои се под меѓународни санкции. Техеран инсистира на одмрзнување на околу 24 милијарди долари.
Иранската новинска агенција Мехр објави дека иранска делегација допатувала во Катар за да издејствува одмрзнување на 12 милијарди долари.
Во меѓувреме, американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека мировните преговори со Иран би можеле да „потраат неколку денови“.
Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) наведе дека го задржува правото на одмазда против какво било кршење на примирјето, а иранскиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи истакна дека земјите од регионот повеќе не можат да бидат штит за американските бази.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Планинска спасителна служба на Водно и во Кањон Матка - безбедноста на граѓаните е наша обврска
-

Носкова: Ова никогаш нема да го заборавам
-

СП 2026: Аргентинците веруваат во одбрана на титулата
-

СП 2026: Норвешка сега ја има на фудбалската карта
-

Русија тврди дека украинската армија погодила танкер во Црно Море
-

ДЗС: Артилериска граната тешка 13,6 кг отстранета од плажа на Дојранското Езеро | ФОТО
-

Почина американскиот сенатор Линдзи Греам
-

Во координирана акција на ЦУК и МВР, кај Матка успешно пронајден изгубен романски државјанин
