Свет
18. April 2026 - 10:19

Иран го негира тврдењето на Трамп дека ураниумот ќе биде префрлен во САД

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, го негираше тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека Техеран се согласил да дозволи трансфер на збогатен ураниум во САД.

„Збогатениот ураниум е свет за нас како иранска почва и нема да биде префрлен никаде под никакви околности“, рече Багеи, објави новинската агенција Тасним.

Трамп вчера за Си-би-ес изјави дека Техеран „се согласил на сè“ и дека ќе соработува со САД, кои, според него, ќе го отстранат збогатениот ураниум од Иран.

Трамп за Блумберг изјави дека Иран се согласил да ја суспендира својата нуклеарна програма на неодредено време.

Тој во телефонска изјава рече дека договорот за завршување на војната во Иран е во голема мера завршен и повтори дека разговорите за траен договор „веројатно“ ќе се одржат овој викенд.

МИА