Илон Маск официјално го презема Твитер за 44 милијарди долари
Илон Маск официјално го презема Твитер за 44 милијарди долари, а веста ја потврди преку краток твит дека „птицата е ослободена“.
По превземањето на компанијата Маск ги отпушти водечките менаџери кои претходно ги обвини дека го довеле во заблуда него и инвеститорите за бројот на сметки на платформата. Откази први добија извршниот и финансискиот директор и шефицата за правни прашања.
Најбогатиот човек на светот најави дека не го превзема Твитер за да го зголеми богатството, туку за да се обиде да му помогне на човештвото
Растат тензиите на северот на Косово на пет дена пред истекот на рокот за пререгистрација на возилата.
Курти го одби барањето на Вашингтон и Брисел овој рок да биде продолжен за уште 10 месеци, а Србите најавуваат блокади на патиштата ако Косово преземе какви било мерки за одземање на автомобили со српски регистарски таблички. Косовската влада најави дека од 1 ноември, автомобилите со српски регистарски таблички нема да смеат да циркулираат на територијата на државата, ниту да ја преминуваат границата.
Од над 10 000 вакви автомобили, досега само 10тина Срби се пријавиле за косовски таблички, што ги зголемува стравовите за можни инциденти во вторник.
И покрај заканите, Северна Кореја од нејзиниот источен брег истрела две балистички ракети со краток дострел
Официјален Пјонгјанг вели дека овој чекор е протест против заедничките воени маневри на САД и на Јужна Кореја, кои ги обвинија дека вежбаат инвазија на Северна Кореја.
Од почетокот на годината Северна Кореја испали над дваестина балистички проектили, вклучувајќи го и оној кој прелета над Јапонија.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
