Loading Video...
Свет
29. October 2023 - 16:37

Илјадници Палестинци упаднаа во магацините на ОН

Илајдници Палсетинци насилно влегоа во складиштата и дистрибутнивните центри на ОН во Појасот Газа, земајќи брашно, храна, лекови и други основни намирници.

- Посакувам Господ да не помилува и војната да престане. Страдавме многу, не можеме да го поднесеме тоа што ни се случува, не можеме повеќе да се справиме, дури ни планините не би го поднесле тоа низ кое поминуваме. Стигнавме до состојба во која сакаме да умреме под урнатините само за да најдеме одмор. Животот ни е тортура, чекаме три часа ред за да користиме тоалет, дали вакво дете може да чека три часа за ред за да оди во тоалет? Може ли детето да чека леб? Од вчера немам леб.

Генералниот секретар на ОН предупреди дека ситуацијата во блокираната палестинска енклава  е „сè поочајна“. 

- Жалам што Израел, наместо многу потребната хуманитарна пауза, поддржана од меѓународната заедница, ги интензивираше своите воени операции, рече Гутереш за време на посетата на Непал.

Израелската армија го проширува делувањето на своите копнени сили во северниот дел на појасот Газа поддржани од авијацијата. Премиерот Нетанјаху изјави дека ова е „втора фаза“ од, како што вели, „долга и тешка“ војна со Хамас.

- Вчера вечерта, повеќе од нашите копнени сили влегоа во Газа, во развојот на упориштето на злото. Ова е втората фаза од војната чии цели се јасни: уништување на воените и владините капацитети на Хамас и враќање на заложниците дома. Војната внатре во Појасот Газа ќе биде тешка и долга - и ние сме подготвени за тоа, истакна Нетањаху.

Израелски војник е повреден во престрелка со палсетинските милитанти во северна Газа, соопшти армијата. Информираше и дека во  вчерашните воздушни напади на удар биле повеќе од 450 места, вклучувајќи командни центри, набљудувачки пунктови и лансирни рампи за противтенковски ракети. И Хамас објави дека од рано утринава се водат битки гради в гради во густо населените квартови во областа. Истрела и неколку ракети врз централен Израел. Нема информации за жртви. По речиси 24 часовен информациски мрак во палестинска енклава денеска повторно се вратени телефонските линии и интернет конекциите. Прекинот на коминукациите дојде во време кога Израел ги интензивираше бомбардирањата и ја започна најавуваната копнена офанзива. Повеќе од 1,4 милиони луѓе се раселени поради израелското бомбардирање на палестинската територија.