Идната недела ќе се знае кога ќе биде спроведена тендерската постапка за монтажните гаражи во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, идната недела ќе има завршен состанок со министерот за здравство Азир Алиу, на кој, како што информира денеска, заеднички ќе објават кога ќе биде спроведена тендерската постапка за монтажните гаражи во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
По завршувањето на тендерската постапка, нагласи Ѓорѓиевски, веднаш ќе почнеме изградбата на гаражите.
- Динамиката ја одредуваме според можностите и капацитетите. Средства предвидовме, направивме ребаланс, но имаме уште неколку постапки што требаше да ги заокружиме - исплатите на Момин Поток, каде што имотноправните односи целосно ги решивме, а и сите граѓани што беа предмет на експропријација се исплатени, таму трасата целосно е решена. За булеварот Борис Трајковски влеговме во процес за конечно да заврши голготата на над 100.000 граѓани кон Драчево и почнува поставувањето на атмосферската канализација. Тука се и мостот „Љубљанска“, „Генерал Михајло Апостолски“, лунапаркот..., а сега се на ред и катните, монтажните гаражи на Клинички - рече Ѓорѓиевски одговорајќи на новинарски прашања пред дебатата „Скопје - европски град на културата 2028: Културното наследство и современата културна динамика“.
Тој е дециден дека ќе исполни сè што им ветил на граѓаните.
- Во предизборието ветив дека сите проекти ќе ги реализирам до крајот на мандатот. Од мандатот поминаа речиси шест месеци, а имаме силно темпо и динамика на реализација. За булеварот Македонија, познат како „Лимак“, ветив дека само првата фаза што ја завршуваме сега ќе ја реализираме до крај на мандатот, но ќе го реализираме цел проект. Горд сум што финансиски го кренавме градот на стабилни нозе, ставивме ред во јавните претпријатија, но треба уште многу работа, граѓаните заслужуваат многу подобар град и услови. Сè што сум ветил во програмата ќе биде испорачано до крајот на мојот мандат, а и многу побргу - потенцира Ѓорѓиевски.
МИА
Ново на Сител
-

Уапсен 33-годишник од Кисела Вода, при претрес на домот пронајдена дрога
-

Цените на нафтата скокнаа по американските напади врз Иран
-

Николоски: Завршивме со реконструкција на железничката обиколница Скопје, линија Драчево - Илинден
-

Руте: Новите американски напади врз Иран беа апсолутно неопходни
-

Почна Самитот на НАТО во Анкара, министерот Мисајловски учесник на значајни активности и состаноци
-

Кос во Скопје: Нема гаранции за Македонија, како и за секоја друга земја-кандидат за ЕУ
-

САД извршија нови воздушни напади врз Иран, Техеран возврати со напади врз Кувајт и Бахреин
-

Десет лица повредени во последниот ракетен напад врз Одеса, руското ПВО соборила 415 украински дронови
