Идната година ќе продолжи постапката за враќање на украдените икони од Албанија
Почетокот на следната година продолжува фазата за враќање на иконите украдени од верските храмови изнесени по незаконски пат.
Членот на МАНУ Цветковски кој всушност ги препозна иконите кои беа украдени и вратени, за Сител најави дека во Албанија ќе прават повторно увид во депонираните икони 37-38 на број, се со една идеја да се врати вредното културно и историско наследство онаму каде што припаѓа.
Во периодот од 2009 до 2013 година имаше силен бран на насилно влегување во црквите, од каде што се однесоа стотици икони.
Верските храмови се уште се пустошат, црквата Успение на Пресвета Богородица во Ботун иако има аларм и видео надзор пред неколку месеци била мета на крадци, но за среќа не е одземено ништо вредно.
Отец Александар Димоски од црквата во Ботун апелира на поголема заштита на верските објекти и евиденција на вредните икони.
Постапката за враќање на украдените икони во земјава од Албанија почна во 2013 година, со интенизвни активности во последните две години.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
