Loading Video...
Свет
9. November 2023 - 19:55

ИДФ: Хамас нема повеќе контрола во северна Газа

Хамас повеќе нема контрола над северниот дел на појасот Газа тврди израелската армија. Милитантната група пак објави дека нејзини борци им нанесуваат големи загуби и штета на изарелксите сили.

Интензивните улични борби покрај бомрбардираните згради во градот Газа продолжуваат додека жители на градот преку коридорот за евакуација бегаат на југ. Израел дозволува хуманитрани паузи во северниот дел на Појасот во оддредени периоди од денот за им овозможи на жителите да се преселат на југ. Вчера според нивните податоци најмалку 50 000 Палестинци  ја искористиле рутата за евакауција.  Високиот комесар на ОН за човекови права, Волкер Турк, повторно повика на итен прекин на огнот, посочувајќи дека и Изарел и Хамас се одоговорни за воени злостроства.

- Злосторствата извршени од палестинските вооружени групи на 7-ми октомври беа грозоморни, тие беа воени злосторства како и континуираното држење заложници. Колективното казнување од страна на Израел на палестинските цивили е исто така воено злосторство, како што е незаконско, насилна евакуација на цивили, изјави Волер Турк, Високиот комесар на ОН за човекови права.

Преминот Рафах помеѓу Египет и појасот Газа е затворен за евакуација на цивили, бидејќи Хамас сака повеќе повредени Палестинци да ја напуштат Газа заедно со странските државјани. 

Ученик пукал и ранил соученик. Инцидентот се случил утрово во  посебно училиште за деца со потешкотии во учењето во германскот град Офенбург.  Полицијата соопшти дека го уапсила напаѓачот, кој е малолетник. Засега не е познат мотивот за пукањето.

Војната во Украина влезе во 624 ден. Пет лица загинаа во ракетен напад на украинските вооружени сили врз градот Скадовск во делот на украинската област Херсон кој е под контрола на Москва, објави министерството за одбрана на Русија.

Киев пак информираше дека нападите на руските сили биле одбиени на повеќе фронтови, нагласувајќи дека е спречено опкружувањето на градот Авдејевка. Претседателот Зеленски порача да не се очекува пребрзо преголем успех во контраофанзаива за враќање на окупираните територи. Вели дека Украина на крајот ќе има успех во војната и покрај тешкотиите на фронтот.

- Имаме план, имаме многу конкретни градови, многу конкретни насоки каде одиме, каде имаме контраофанзива. Не можам да ги споделам со вас сите детали. И сигурен сум дека ќе имаме успех, тоа е тешко порача Володимир Зеленски, претседател на Украина.