И во време на Велигденските пости цените по обичај се вивнаа во плафон
Како по традиција за време на постите и оваа година пазарите со цени до плафон. Куповната моќ на потрошувачите веќе не може да биде во чекор со поскапувањата па го купуваат само она најнеопходното. Охриѓани велат дека секој ден се соочуваат со нов ценовен шок .
Пазарџиите кои не беа расположени да зборуваат пред камера се жалат дека продажбата опаднала односно дека граѓаните се помалку купуваат. Дел пак, велат дека сепак цените се исти, производите на зелените пазари имаат краток рок на траење, па понекогаш биле принудени да ги даваат без профит само за да не им се расипат на тезгите.
Вредноста на минималната синдикална кошничка за месец март достигна 58.998 денари или за 1.522 денари повеќе од февруари. Во однос на минатиот месец трошоците на едно четиричлено семејство се зголемени за 1.462 денари само за храна и пијалоци.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
