И Тупанчевски не го коментира ставот на САД за изборот на Абази
Додека експертската и меѓународната јавноста бараат политиката да не се меша во правосудството, државните институции секојдневно се прогласуваат за ненадлежни.
Министерството за правда е ушта една од низата институции од каде нема конкретно решение како да се подобри начинот на избор на обвинители. Иако министерот Тупанчевски виде слабости во начинот на кој Абази го превзема обвинителството за гонење на организиран криминал и најави построги критериуми, сега оттаму посочуваат дека измени се потребни, но без детали ниту кога ниту кој треба да ги подготви овие критериуми.
Законот за Јавно обвинителство со кој се измени начинот за избор на шеф на ОЈО ГОКК беше донесен со консензус. Овие избори беа можност за тестирање на системот на избор. Во наредниот период потребно е да се изготви анализа за подобрување на начинот на избор на обвинители, посочуваат од правда.
Оттаму не ја коментираат изјавата на американската амбасадорка во земјава Агелер која изборот на Абази го оцени како збунувачки, особено по милионските суми кои амбасадата ги двои за обука на обвинителите.
На иста линија со американската амбасадорка е и премиерот Ковачевски за кого изборот на Абази исто така е збунувачки, но како бил направен изборот треба да одговорат обвинителите.
Абази беше избран за заменик на Рускоска пред две недели на непосредни избори на кои ја доби довербата од своите колеги обвинители без да презентира никаква програма за работа и под знак прашалник дали обвинители воопшто го познаваат.
Сенка врз неговиот избор фрлија и бројните фотографии на Абази со високи функционери на ДУИ, за кои тој вели дека се направани на случајни средби.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
