И со покачени цени Охрид е прв избор на туристите
Сместувањето и угостителски услуги долж охридската ривиера со повисоки цени. Енергетската и економската криза си го направија своето за новогодишните и божиќните празници понудата е зголемена од 9-15 проценти додека најголем раст има во делот на трошоците за превоз кои достигнуваат 50 проценти.
И покрај поскапувањата Охрид очекува голем број на посетители. Најбројни ќе бидат туристите од нашето соседство од Србија, Црна Гора, Бугарија, Грција, Албанија и домашните, но нема да изостанат ни оние од подалечните земји.
Според туристичките работници приватното сместување е целосно исполнето а за посетителите покрај бројните забави во рестораните и ноќните клубови дводневна новогодишна програма ќе има и на градскиот плоштад со домашни естрадни уметници.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
