И натаму не се знае како ќе се смалат платите на функционерите
Ниту на власта ниту на опозицијата не и се брза со подготвување на закон кој ќе ја врати во нормала функционерската плата која во екот на најтешката економска криза скокна за неверојатни 80%.
Од владата денеска никој не одговори на нашите прашања дали планираат намалување на коефициентите и дали веќе почнаа со исплаќање на мартовските плати во согласност со новата пресметка. Неофицијални информации до кој дојде Сител говорат дека Владата им дала насока на службите да не ја почитуваат одлуката на Уставниот суд и да исплаќаат плати како и до сега што отвора можност функционерите зголемената плата да си ја наплатат преку судска постапка, доколку во меѓувреме не се донесе некакво законско решение.
За разлика од владата кој воопшто не одговори на нашите прашања, опозицијата имаше одговор, но тоа не смени многу
Во Уставниот суд 3 недели по донесувањето на одлуката објаснија дека не ги интересира колкаво ќе биде зголемувањето на платите иако признаваат дека и самите судии кои ја носеле одлуката знаеле дека по неа, и тие ќе си одат дома со подлабоки џебови.
Покрај судиите, согласно одлуката на Уставниот суд сите избрани и именувани функционери меѓу кои и министрите, нивните заменици, пратениците, градоначалниците и сите директори во државните фирми ќе добијат зголемување на платата за 78%. Со тоа нивните плати ќе се зголемат за суми меѓу 800 и 1500 евра месечно.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
