И Израел бомбардира и Хамас ракетира - Палестинците повикани да се евакуираат од северот на Газа
Со вчерашниот лет сите македонски државјани кои сакаа да си заминат од Израел веќе се во Македонија. Министерот Османи утрово на социјалните мрежи им се заблагодари на сите кои дале придонес за безбедната евакуација.
Признание и за активностите на Кризниот штаб во МНР и нашата дипломатско-конзуларна мрежа кои придонесоа за успешна финализација на евакуацијата.
Благодарност за нивниот континуиран ангажман и посветена работа за интересот и безбедноста на нашите граѓани во отежнати и воени услови – напиша Османи на социјалните мрежи.
Во меѓувреме Израел продолжува со воздушни напади врз појасот Газа, додека Хамас возвраќа со ракетирање. Утрово Израел соопшти дека 6 часа ќе биде отворен коридорот за евакуација на цивилите од Газа јужно, кон територијата на Израел, откако вчера со растурање на летоци им порача на цивилите во Газа да си заминат за 24 часа во пресрет на најавената копнена офанзива.
Газа е под целосна опсада речи си една недела а запрен е дотокот на храна, вода и електрична енергија. Залихите на храна се при крај и покрај информациите дека хуманитарна помош пристигнала од Египет.
Арапските земји утрово реагираа на повикот на Израел, Палестинците да ја напуштат Газа додавајќи дека тие мора да останат на својата земја. Реакција на планот на Израел за евакуација на цивилите од Газа стигна и од Брисел
Според последните информации, само во појасот Газа загинале над 2.200 Палестинци а близу 9.000 се повредени, додека целосно уништени се повеќе од 1300 згради.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
