Loading Video...
Балкан
1. January 2023 - 16:36

Хрватска од денеска во Шенген, Шведска претседава со ЕУ

Шведска од денеска го превзема кормилото на ЕУ од Чешка. Во следните 6 месеци Стокхолм ќе претседава со Советот на Унијата, кога европскиот континент се соочува со најголемите кризи. Помеѓу приоритетите кои ги презентираше шведскиот премиер нема ниту збор за проширувањето на европското семејство. Наместо тоа, фокусот ќе биде ставен на безбедноста, отпорноста, просперитетот, демократските вредности и владеењето на правото.

Шведска го презема претседавањето во време кога Европската унија се соочува со невидени предизвици. Позелена, побезбедна и послободна Европа е основата на нашите приоритети“, рече премиерот Улф Кристерсон

Стартот на новата година е значаен ден и за Хрватска, која влегува во евро и Шенген зоната. Евра наместо куни и отворени граници во рамки на Унијата, е сонот кој за Хрватска станува реалност точно 10 години по зачленувањето во ЕУ.

Денот симболично беше одбележан со кревање на граничните рамки помеѓу Хрватска и Словенија.

Тоа е ден за славење. Ова е сезона на ново почетоци, први јануари, нови поглавја што се отвораат, а во Европа нема место каде што денес е повистинско дека е сезона на нови почетоци и нови поглавја отколку овде на границата меѓу Хрватска и Словенија.Денес Хрватска се приклучува на Шенген зоната и на еврозоната, две огромни достигнувања за најмладата земја-членка на Европската унија и двете постигнати во истиот ден“, рече Фон дер Лајен

Ако има историски моменти, посебни моменти кои треба да ни пружат голема чест и кога сме сведоци на постигнување на стратешките цели на една држава, ова е таков ден. Први јануари 2023 година, денот кога Хрватска ја постигна својата држава, стратешките и политичките цели за интеграција во Шенген зоната и еврозоната. Ние сме првата земја што го направи тоа истиот ден“, рече Андреј Пленковиќ, хрватски премиер.

Укинувањето на границите помеѓу Хрватска и земјите членки, по автоматизам ќе ги засили контролите на премините со Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, бидејќи тоа ќе бидат единствените гранични премиени кои го чуваат влезот во ЕУ.

Со Хрватска во еврозоната, пак 20 држави членки на ЕУ и 347 милиони граѓани ќе го користат еврото како заедничка валута.