Хорор во Шутка: Улично куче искасало 18-месечно дете, родителите бараат итна реакција

Едно и пол годишно дете било нападнато и искасано од улично куче во дворот на семејниот дом во Шуто Оризари, според сведоштвото на неговите родители, пренесува РомаПрес.
Како што раскажува семејството, кучето најверојатно влегло во дворот додека роднините биле на терасата. Кога мајката се обидела да го избрка кучето, според нејзиното сведоштво, тоа се упатило кон детето и го нападнало.
При нападот, детето претрпело повеќе каснувања и повреди по телото, вклучително и во пределот на лицето, увото и главата. По инцидентот веднаш било однесено во здравствена установа, каде што му била укажана медицинска помош.
Во медицинската документација случајот е евидентиран како каснување од куче. Настанот бил пријавен во полиција, а семејството за случајот ангажирало и адвокат.
Родителите велат дека поседуваат медицинска документација со која се потврдува дека детето било згрижено и третирано поради повредите предизвикани од каснувањето од кучето.
Ново на Сител
-

Зголемување на старосната граница за пензионирање е предлогот на ММФ за одржлив систем
-

За еден месец издадени одобренија за изградба на нови 754 станови, најмногу во Скопје
-

Сиљановска го образложи помилувањето на Јакупи
-

Нов центар во Штип за развој на студентски бизнис идеи
-

Најмалку 21 пожар на отворен простор
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна политика
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
