Холандија повторно се враќа на Евровизија од идната година

Откако радиодифузерот „Авротрос“ во август најави повлекување од Евровизија, новиот холандски претставник за 2027 година ќе биде избран од радиодифузерот „НПО“, кој исто така ќе го емитува настанот.
„Холандија се враќа на Евровизија, а изборот ќе биде надгледуван од независен тим експерти“, соопштија од телевизијата. По нашето барање, фестивалот да „обединува“, дознавме дека организаторот, Европската радиодифузна унија (ЕБУ) веќе има преземено посериозни мерки за правилата на натпреварувањето.
Натпреварот за песна на Евровизија неодамна беше бојкотиран од Холандија, Исланд, Шпанија, Ирска и Словенија поради учеството на Израел кој се наоѓа во воен период, додека пак Шпанија, Ирска и Словенија одбија и да го емитуваат натпреварувањето.
Новото издание на Евровизија ќе се одржи на 15 мај 2027 година во Бургас.
МИА
Ново на Сител
-

ДЗР: Зголемени ризици од катастрофи, но недоволна подготвеност на системот за заштита и спасување
-

Уапсен крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна
-

Над 10.000 сообраќајни прекршоци за четири месеци – одземени 423 мотоцикли и тротинети
-

Уапсен 38-годишен скопјанец, при претрес пронајдени 25 кесички со марихуана
-

Новата футсал сезона стартува на 10 октомври
-

Антонели: Верстапен е одличен не само како возач, туку и како личност
-

Швајцарија без Џака во Скопје поради лажен сертификат за Ковид - 19 вакцина
-

Победа и пораз на македонските репрезентации на шаховската Олимпијада
