-->
-->
Хамилтон доминираше и на ГН на Франција
-->

Расте предноста на светскиот првак Луис Хамилтон во генералниот пласман во шампионатот во Ф-1 откако денеска триумфираше на ГН на Франција што се возеше на патеката Пол Рикар.
Британецот ја искористи пол-позицијата и водеше до крајот на трката што му ја донесе 6. Победа оваа сезона и вкупно 79. Победа во кариерата.
Второто место со заостанување од 18 секунди му припадна на неговиот клупски колега Ватери Ботас кој ги одби нападите на Шарл Леклер од Ферари кој го освои третото место.
Веднаш зад нив пласман обезбедија Макс Верстапен, Себастијан Фетел и Карлос Саинц.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ОЈО: Јавниот обвинител не може да спречи никого да го бара на телефон
-

Тема на денот со Драган Даниловски, епидемиолог
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Мицкоски врши притисок врз обвинителството
-

Мицкоски шокиран од запрената истрага за мазутот
-

Екс министерот за земјоделство бил на распит во полициска станица
-

Газдата на „Пулс“ ги принудувал вработените да кријат неправилности од инспекциите и да глумат гости
-

Прободеното дете во училиште во Ченто е стабилно, но се уште е на респиратор-министерката бара измени на Законот за образование
