Груби: Без изменети закони коридорите ќе чинат 150 милиони евра поскапо, блокадите нема да го променат планот
Ако не ги донесеме законите за Бехтел и Енка во Собранието ќе платиме дополнителни 150 милиони евра и ќе изгубиме 2 години. Вицепремиерот Груби призна дека без законски измени ќе платиме сериозна сума на пари само што за разлика од опозицијата, тој овие средства не ги нарекува пенали.
„ Уште еднаш да потсетам: Опозицијата, ВМРО и Левица, со блокадата на законите во Собранието ќе ја чини државата над 150 милиони евра и две години залудно потрошено време. На ниту еден начин не можат да ја спречат реализацијата на проектот, можат само да го поскапат и да го одложат завршувањето на автопатите.
Дали автопатите ќе се градат побрзо и поевтино или побавно и поскапо, зависи од пратениците“ – пишува Груби на социјалните мрежи објаснувајќи дека неговата анализа на пазарот покажала дека 70% од ангажираните работници ќе бидат од Македонија.
Уште пред да се фрли првата лопата, граѓаните ги плаќаат штетите од договорот со Бехтел и Енка, реагира опозицијата
Ако Бехтел и Енка ја завршат изградбата на коридорите за сума од 1,3 милијарди евра, што е речи си невозможно, тоа ќе биде еден од најскапите автопати направен во Европа со прсоечна цена од 12 милиони евра за 1 километар.
Бехтел и Енка во Србија го изгради Моравскиот коридор за околу 7 милиони за километар. Смоквица Демир Капија го плативме нешто под 8 милиони за километар а Миладиновци – Штип 4,4.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
