Македонија
11. јуни 2026 - 16:29

Гром предизвика огнена драма над Штип, за среќа пожарот е изгаснат

Само неколку часа беа доволни пожарот што вчера избувна над Штип да ја покаже својата опасност. Според првичните сознанија, пожарот најверојатно бил предизвикан од удар на гром, кој во услови на високи температури и исушена вегетација лесно можел да прерасне во сериозна закана. Огнот, кој зафати сува вегетација на потегот Плуждино над градските гробишта, под влијание на ветерот брзо се движеше кон неколку правци, заканувајќи се да се доближи до населени места и значајни објекти.

  • Добивме дојава дека од гром има запалена трева и веднаш реагиравме со едно возило и тројца пожарникари. На самото место кога пристигнаа пожарникарите водоа дека пожарот се развива во големи размери. Беше повикана помош од други 4 возила и 15 пожарникари, изјави Дарко Коцев, пожарникар, ТППЕ- Штип.

Во гаснењето беа вклучени пожарникари, доброволци и граѓани, кои со заеднички напори успеаја да ја стават ситуацијата под контрола и да спречат поголеми последици.

  • Примивме повик од ТППЕ- Штип и за 10 минути ние веќе бевме во противпо7арната станица, се групиравме се организиравме и веќе бевме на терен.  Беше страшно, имаше навистина огнени стихии, но сега е веќе под контрола изјави Зоран Младеновски, припадник на ДПД- Штип.

Најголемото олеснување по пожарот е што нема повредени граѓани и што огнената стихија не успеа да стигне до домовите во населбата кон која се движеше и не е причинета поголема материјална штета.