Грчкиот селектор со провокација: Ќе одиграме два натпревари со Скопје
Македонската ракометна репрезентација во склоп на подготовките за настапот на ЕП 2024 во Германија неделава ќе одигра два пријателски меча против Грција, против која избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе настапат на 3 и 4 ноември во Солун.
Во пресрет на овој двомеч, селекторот на грчката репрезентација, Георгиос Заравина одбива да го користи името Македонија. Во интервјуто за официјалната интернет-страница на грчката федерација упорно го користи името Скопје кога говори за македонската селекција.
„Во Солун ја одработуваме првата недела од подготовките за првиот настап на ЕП, фаза е исклучително важна за нас поради што ќе играме две силни пријателски средби против Скопје. За нас е важно да имаме силни пријателски средби против земји што во последниве години биле постојано присутни во финалните фази од европските и светските шампионати. Ќе испробаме некои работи, ќе консолидираме некои наши посилни особини и ќе се обидеме да вклучиме некои нови имиња поврзувајќи го сениорскиот со младинскиот национален тим,“ изјави грчкиот селектор.
Ново на Сител
-

Претседателката Сиљановска-Давкова на Самитот на Европската политичка заедница во Ерменија
-

Санкционирани 113 возачи на мотоцикл во акциска контрола на СВР Скопје
-

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, сите патни правци се проодни
-

Захарова: ОН и УНЕСКО да не ја „ставаат главата во песок“ пред злосторствата на Киев
-

Најстудено на Попова Шапка
-

Трамп го разгледува новиот предлог од Иран
-

Ракометарите на Охрид на пенали го елиминираа Целје за историско финале во ЕХФ Европскиот куп
-

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми темел на секое демократско општество
