Грчкиот противвоздушен систем „Патриот“ успешно соборил непријателски беспилотни летала во Саудиска Арабија

Три ракети истрелал грчкиот противвоздушен систем „Патриот“ во Саудиска Арабија во текот на ноќта, интервенирајќи против одреден број непријателски беспилотни летала, успешно соборувајќи ги целите, јави дописничката на МИА од Атина.
Системот „Патриот“ на грчките сили од 2021 година е во Саудиска Арабија во рамките на нивното учество во меѓународната иницијатива „Integrated Air Missile Defense (IAMD) Concept“ за поддршка на противвоздушната одбрана на Кралството Саудиска Арабија,
Според грчки воени извори, кусо по полноќ грчкиот противвоздушен систем „се вклучи во дејство против одреден број непријателски беспилотни летала (UAVs), истрелувајќи три ракети“, а целите биле соборени во соработка со системите за воздушна одбрана на Кралството Саудиска Арабија.
Пред еден месец, грчкиот „Патриот“ интервенираше и спречи напад со две балистички ракети од Јемен врз рафинерија во Саудиска Арабија, а во март годинава собори две ирански ракети.
МИА
Ново на Сител
-

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
-

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти
-

Брза интервенција на велешките пожарникари спречи проширување на пожар во семејна куќа
-

Активни 11 пожари и три под контрола
-

Претреси на повеќе локации во Тетово и Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муниција
-

Кавадарчанец во полиција пријавил измама од 3.200 евра
-

Претреси на повеќе локации на подрачјето на СВР Битола, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени пет лица
-

„Безбеден град“ досега евидентирал 310.865 прекршоци, од кои 180.378 за возила со странски регистарски ознаки
