Грант од 500.000 евра за УГД - Штип, училиштето „Кочо Рацин“ од Свети Николе и три компании

УГД - Штип, училиштето „Кочо Рацин“ од Свети Николе и три компании добија 500 000 евра грант од германската и швајцарската амбасада, за поврзување на образованието со стопанството.
- Ова е од исклучително значење. Повеќе пати сме го потенцирале, врската меѓу образованието и стопанството придонесува за подобра економија, што значи подобар живот на сите граѓани во оваа земја. Постојано потенцираме дека сме посветени на дуалното образование, кое е центар на нашето внимание и кое дава одлични резултати. Па така, од околу 20.000 места за средно образование, 17.000 се посветени на дуалното образование, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Според неа, поврзувањето на образованието со стопанството преку дуалните паралелки е и индикатор од реформската агенда што бара 700 компании од нашата земја да бидат во врска со средно стручно образование.
- Индикаторот е исполнет, дури и надминат. Имаме меѓу 800 и 1000 компании вклучени во овој процес. Ова е многу значајно. Јас сум благодарна и на странските партнери и на Стопанската комора, затоа што и стопанството, но и образованието играат клучна улога во развој на земјата, рече Јаневска.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Ангелова победи на изборите за ректор на УКИМ - поените од институтите пресудија во трката
-

14 лица повикани во полиција за монструозното меѓуврсничко насилство во Ѓорче
-

Вонредни контроли на ДСЗИ поврзани со илегалните ботокси и филери
-

Сали: Интензивно работиме на реформите
-

ИПАРД средствата повторно се достапни за земјоделците, Брисел потврди дека нема пропусти
-

Се избира ректор на УКИМ
-

Жртвите во „Пулс“ починале од труење со јаглерод моноксид
