Македонија
10. December 2022 - 16:28

Граѓанските организации бараат да запре урбанизацијата на „Мауцкер“

Комплексот Мауцкер не смее да се урбанизира сметаат граѓанските организации.Според последните податоци на овој предел се наоѓал античкиот град Хермелеја па поради тоа активистите бараат најнапред  археолошки да се  доистражи а потоа парцелите да се продаваат за што поднеле и приговор до општината и до министерството за животна средина.

Околу 20 тина граѓански организации алармираат да се заштити природното и културното наследство во спротивно најавија дека  ќе се жалат до Стрзбур.

Од Завод и Музеј пак на став дека парцелите на Мауцкер кои се на државно земјиште, а со последната седница на Советот на Општина Охрид одат на продажба, не се археолошки локалитети.