Македонија
18. February 2022 - 12:30

Граѓаните со вградена механичка потпора на срцето бараат ослободување од партиципација

Пациентите со вградена механичка потпора на срце бараат да бидат ослободени од плаќање партиципација при користење здравствени услуги. Од здружението Храбро срце велат дека тоа ќе им биде големо олеснување за и онака сложената состојба во која се наоѓаат ваквите пациенти кои се поретки, а бројат само 15 пациенти во државава.Иако им било ветено дека од почетокот на годината ослободувањето треба да отпочне со примена од сето тоа сеуште ништо.

Овие пациенти немаат ни посебна шифра на болест вметната во здравствениот систем па поради тоа често се поистоветуваат со лицата кои имаат срцева слабост.

Од здружението велат дека најчесто од комисиите за доделување нега од трето лице пациентите со механичка потпора на срце биле одбивани.Инаку најмладиот пациент има 26 додека најстариот 66 години.