Loading Video...
Свет
15. October 2023 - 16:31

Граѓаните на Полска денеска гласаат на парламентарни избори

Граѓаните на Полска денеска гласаат на парламентарни избори кои според проценките на светските медиуми ќе бидат едни од одлучувачките за земјата. Според последните анкети предност има владејчката конзервативна партија на премиерот Матеуш Моравјецки пред либерално конзервативната коалиција предводена од екс премиерот Доналд Туск. Сепак, разликата е мала па по борбата за 460 места во долниот и уште 100 во Сенатот експертите очекуваат сериозни проблеми да се формира новата Влада.

Прогнозите се дека на гласање ќе излезат над 65% од регистрираните преку 30 милиони гласачи меѓу кои и рекордни 600.000 кои се пријавиле за гласање во странство.
Покрај парламентарните избори, Полјаците ќе гласаат и уште на 4 референдуми меѓу кои и за подигнување на границата за пензионирање на 67 години.

Граѓаните на Австралија со мешани емоции откако мнозинството на референдумот одлучи домородните Абориџини да не влезат во Уставот.

Повеќе од 60% од жителите на 26 милионската Австралија гласаа против предлогот домородното население кое сочинува близу 4% од вкупната популација да биде препознаено во Уставот. Поддржувачите на референдумот стравуваат дека тоа ќе биде силен удар на долгогодишните напори на Австралија да ги подобри односите со домордците на својот континент кои се претпоставува дека живеат на исто место повеќе од 60.000 години.

Рускиот Претседател Владимир Путин констатираше дека украинската контраофанзива целосно пропаднала.

За битката за источниот украински град Авдиивка, Путин заклучи дека Украина подготвува нови офанзивни операции. И Русија и САД го опишаа интензивирањето на борбите околу Авдиивка како нова руска офанзива иако Путин за тоа вели дека е само активна одбрана.