Градоначалникот, неговиот заменик и уште две лица уапсени за пожарот на грчкиот остров Парос

Четири лица, меѓу кои и градоначалникот и неговиот заменик беа уапсени за пожарот на грчкиот остров Парос, што во вторникот избувна во депонија и брзо се прошири на голема површина, а беше изгаснат по над 24 часа, јави дописничката на МИА од Атина.
Државната телевизија ЕРТ објави фотографија од просторот каде што е депонијата, на која се гледа куп отпад, а пожарот оттаму се прошири на соседна површина со ниска вегетација.
Во рамките на истрагата за причините и околностите под кои избувна пожарот спроведена од Одделот за истражување на кривични дела поврзани со подметнување пожари беа уапсени четири лица, изречена им е административна парична казна во вкупен износ од 8.437,50 евра, а во текот на денешниот ден се очекува да бидат изведени пред јавен обвинител.
Освен градоначалникот и неговиот заменик, кој е надлежен за комунална хигиена на островот, уапсени се и изведувачот на работите на претпријатието за управување со отпад, како и општински службеник, возач на камион за собирање отпад.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Клековски: Епидемијата во Гостивар се смирува
-

Регионалната депонија кај Новаци готова до крајот на 2027 година
-

Од утре започнува топлотен бран, како да се заштитиме?
-

Колкава е опасноста од пајак црна вдовица во Македонија?
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Петмина со западно-нилска треска хоспитализирани на Инфективна – Еден во критична состојба
-

Во Гостивар има ризик од заразна жолтица, најавен е здравствен надзор
