Македонија
17. јуни 2026 - 15:55

Град Скопје: Кејот на Вардар со нови клупи и урбана опрема за подобро урбано искуство

Кејот на реката Вардар добива нов и поуреден изглед со поставување нова урбана опрема, во насока на подобрување на условите за престој, рекреација и спорт на граѓаните, соопштуваат од Град Скопје.

-На оваа една од најпосетуваните локации во Скопје се поставени нови клупи и корпи за отпадоци, со што просторот станува почист, пофункционален и попријатен за сите посетители - стои во соопштението од Град Скопје.

Паралелно, како што дополнуваат, продолжуваат редовното одржување на кејот и активностите за чистење на коритото на реката Вардар на територијата на Град Скопје.

 

МИА