Главен шериф на дивиот запад

Ако интернетот поради неговите можности е наречен Див запад, Кен Вестин сигурно може да се нарече најголем шериф во градот. Тој е професионален сајбер ловец, кој се занимава со лоцирање на луѓе кои претставуваат потенцијална закана за безбедноста на интернетот.
Ги следи со помош на нивен дигитален потпис кој го оставаат зад себе при користење на компјутер за криминални дејствија – пишува News.com.
- Јас сум ловец – кратко се опиша Кен Вестин кој како што вели сака да истражува податоци и во нив да бара поврзување за да лоцира злонамерници и да ги спречи во предизвикување на штета.
Како што наведува, секое лице користејќи компјутер зад себе остава еден вид на трага. Развил широк систем на алатки со кои успешно влегува во трагите преку Wi-Fi геолокација, а кога ќе ги детектира, гледа по датотеките да најде дискриминирачка содржина, пренесува дневник.хр.
Иако го карактеризира етикета на која многумина не би биле горди, Вестин својата ја прифатил со две раце и својата обврска со која прави добри дела, ја извршува како што вели со ентузијазам. Негова основна цел е интернетот да се направи безбедно место.
Со оглед дека поголемиот дел од своето работно време го поминува во темни места на интернетот, Вестин вели дека и самиот на некој начин станал криминалец.
- За да бидеш добар во оваа работа, треба да научиш да размислуваш како криминалец – вели тој. Во една прилика открил сомнителен маж, а при пребарувањето на историјата во неговиот компјутер како пребарувал на интернет, открил дека планира да прошверцува украдена стока преку граница.
Основал мала компанија под името Gadget Trak која развива начини за заштита на компјутерска опрема и начини на кои истата, ако биде украдена, да може што побрзо да се најде и да се врати на сопственикот.
Ново на Сител
-

Даниловски за хантавирусот: Крајно време е да научиме да правиме разлика меѓу реален јавно-здравствен ризик и алгоритамски произведен страв
-

Нултиот пациент кој заболел од хантавирус на крузерот „Хондиус“ бил холандски орнитолог
-

Недела на сестринството, министерот Алиу најави поддршка за медицинските сестри и акушерки
-

Вкупно девет пријави во последното деноноќие за семејно насилство
-

Во Хрватска се повеќе случаи на намерно самоповредување, најлоша е ситуација кај тинејџерките
-

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина
-

ФАО: Цените на храната растат поради конфликтот на Блискиот Исток
-

Хуманитарна планинарска прошетка за родители и деца во организација на ЗПСК Кожуф
