Ѓорѓиевски: Заедно со Кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија сме на терен

Поради силното невреме што пред малку го зафати Скопје, Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со сите надлежни служби и јавни претпријатија, е целосно мобилизиран и подготвен за брза и навремена интервенција, информира грдоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Тој во Фејсбук обкава нагласи дека се во постојана координација со ЦУК, МВР, ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и со сите надлежни институции.
-Сите расположливи капацитети се ставени во функција, за заштита на граѓаните и спречување поголеми штети и последици - додаде тој.
Екипите на Град Скопје, истакна Ѓорѓиевски, ќе останат на терен и во текот на целата ноќ и ќе интервенираат на секоја локација каде што ќе има потреба.
-Сите граѓани на кои им е потребна помош или друга итна состојба, можат да се јават на телефонскиот број: +389 78 207 687. Апелирам до сите граѓани да бидат внимателни и смирени, да ги следат препораките на надлежните институции и да соработуваат со службите на терен. Службите се мобилизирани. Екипите се на терен. Граѓаните не се сами- додаде Ѓорѓиевски.
Ново на Сител
-

Мисајловски на увид на градежните работи во касарната Ќојлија
-

Прилеп доби Центар за услуги, граѓаните ќе може на едно место да ги добијат сите потребни документи
-

Светот го истражува македонскиот неолит
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со министерката за образование и наука, Весна Јаневска
-

САД ке ја предводи истрагата за инцидентот на „Рајанер“ што се случи на македонското небо
-

Власта и опозицијата се обвинуваат кој не сака нов Изборен законик
-

Утре во Собрание владината реконструкција
