Ѓорѓиевски: Скопје го гради својот најголем еколошки штит

Изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Скопје, еден од најзначајните инфраструктурни и еколошки проекти во државата, се одвива со забрзана динамика, а досега се реализирани речиси 40 проценти од градежните работи.
Станува збор за најголемиот и најсовремен еколошки проект во Македонија, кој опфаќа изградба на околу 60 објекти и има за цел трајно да го намали загадувањето на реката Вардар преку третман на отпадните води.
Од Град Скопје посочуваат дека по почетниот застој, предизвикан од незавршени административни процедури, неусвоени детални урбанистички планови, нерешена експропријација на земјиштето и задоцнети плаќања кон изведувачот, реализацијата сега се одвива согласно предвидената динамика.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски оцени дека станува збор за проект од историско значење за главниот град.
- Пречистителната станица е нашиот најголем еколошки штит и проект од историско значење за Скопје. Со нејзината изградба ќе ставиме крај на долгогодишното загадување на Вардар со непречистени отпадни води и ќе создадеме поздрава и побезбедна животна средина за сегашните и за идните генерации, истакна градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Согласно договорот склучен меѓу ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје и изведувачот, завршувањето на градежните активности е предвидено во првата половина на 2028 година. Потоа ќе следуваат две години пробна работа, која треба да заврши во првата половина на 2030 година.
Реализацијата на овој капитален проект значи почист Вардар, поздрава животна средина, повисоки еколошки стандарди и посигурна иднина за генерациите што доаѓаат.
МИА
Ново на Сител
-

Под лупа операторите на штипските гробишта
-

Дизелот поскапува за 6 денари, бензините за 3 денари за литар
-

Тема на денот со Арун Кумар Саху, амбасадор на Индија во Македонија
-

Уапсена директорката на Комуналец во Гостивар, резултати од анализите не се соопштуваат
-

Уапсена директорката на Комуналец во Гостивар, резултати од анализите не се соопштуваат
-

Повеќе од 3000 граѓани со стомачни тегоби во Гостивар побарале лекарска помош
-

Политички реакции за епидемијата на заразна болест во Гостивар
-

Пад на трошоците за живот во јули: Синдикалната минимална кошничка намалена за 156 денари
