Ѓорѓиевски: Пожарот кај „Рампа“ е ставен под контрола - длабок поклон за брзата реакција на пожарникарите

Пожарот кој пред неполн час избувна во објект кај „Рампа“, благодарение на брзата, храбра и професионална интервенција на Противпожарната бригада на Град Скопје, во рекордно време е ставен под контрола и локализиран, објави на Фејсбук скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.
Со тоа, додаде градначалникот, беше спречено негово проширување кон околните објекти и избегната е поголема трагедија.
-Фала Му на Бога, жртви нема. За жал, еден пожарникар е повреден при интервенцијата и веднаш е пренесен на клиника. Му посакувам брзо закрепнување и изразувам огромна благодарност за неговата пожртвуваност - нагласи Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека ова е уште еден доказ колку е важна Противпожарната бригада и колку секојдневно пожарникарите го ризикуваат сопствениот живот за да ги заштитат граѓаните.
-Токму затоа, нашите заложби за модернизација на Бригадата, нова опрема, подобри услови и поголема безбедност за пожарникарите се наша обврска. Длабок поклон до сите пожарникари за брзата реакција, професионалноста, храброста и посветеноста. Скопје денес виде што значи пожртвуваност на дело - истакна скопскиот градоначалник.
МИА
Ново на Сител
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
