Ѓорѓиевски: Кризниот штаб на Град Скопје целосно мобилизиран по силното невреме
По силното невреме што денеска го зафати Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски соопшти дека Кризниот штаб на Град Скопје и екипите на јавните претпријатија се целосно мобилизирани и подготвени за интервенции на терен.
Според неговата објава, службите се во постојана координација со Центарот за управување со кризи (ЦУК), Министерството за внатрешни работи (МВР), ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и другите надлежни институции, со цел навремено да се реагира доколку има поплави, штети или други последици од невремето.
Ѓорѓиевски информира дека сите расположливи капацитети се ставени во функција и дека екипите ќе останат на терен во текот на целата ноќ, интервенирајќи секаде каде што ќе биде потребно.
Воедно, тој апелираше до граѓаните да бидат внимателни, смирени и да соработуваат со надлежните служби, нагласувајќи дека институциите се подготвени да одговорат на сите предизвици предизвикани од невремето.
Ново на Сител
-

Рубио му порача на својот индиски колега: Сите бродови во Ормуската Теснина мора да ги следат наредбите на САД
-

Аксиос: САД и Иран денеска на виртуелен состанок електронски го потпишуваат новото примирје
-

Зеленски: Украина е подготвена да отвори шест кластери за интеграција во ЕУ
-

ИРГК: Договор со САД денеска нема да се потпише
-

Пјонгјанг: Прашањето за денуклеаризација е „неповратно завршено“
-

Сончево, температурата до 33 степени
-

Трамп: Договорот со Иран е закажан да биде потпишан утре
-

Орбан реизбран за лидер на партијата Фидес
