-->
-->
Ѓоковиќ стартуваше со победа против Шварцман
-->
Во Лондон се игра завршниот тениски Мастерс на кој со внимание се следат настапите на Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.
Првиот светски тенисер за противник на стартот го имаше Диего Шварцман и успеа за нешто повеќе од час и половина да го совлада со 6-3 и 6-2.
Српскиот тенисер несигурно стартуваше во мечот и дозволи брејк на Аргентинецот за водство од 2-1. Ова како да го разбуди фаворитот и со два брејка го освои сетот за да во вториот одигра уште подобро и загуби само два гема.
Ова е шести пораз на Шварцман во исто толку дуели со Ѓоковиќ кој ја забележа 33-тата победа на завршниот турнир со што постави нов рекорд со една победа повеќе од Федерер.
Рафаел Надал на стартот исто така одигра убедливо и во два сета го совлада Русинот Рубљев.
Во вториот меч од групата „Токио 1970“, вечерва од 21 часот играат Русинот Данил Медведев и Германецот Александер Зверев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Преглед на вестите од светот
-

Локализиран пожарот на Исарот во Штип
-

Пожари во Пробиштипско
-

Голем пожар кај Пробиштип, евакуирани неколку села
-

Напаѓачите на 14-годишникот во Ченто осомничени за насилство врз дете
