-->
-->
Ѓоковиќ против дебитантот Дрејпер на стартот на Вимблдон
-->
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе ја почне одбраната на титулата на Грен-слем турнирот во Вимблдон против домашниот тенисер, Британецот Џек Дрејпер, одлучено е денеска со жрепка во Лондон.
Натпреварот против Ѓоковиќ, закажан за в понеделник од 14 часот, ќе биде дебитантски на грен-слем турнирите за 19-годишниот Дрејпер, кој во моментов е рангиран на 250. место на АТП листата.
Ѓоковиќ е петкратен освојувач на Вимблдон и ја брани титулата освоена во 2019 година кога во епското финале го совлада Швајцарецот Роџер Федерер со 7:6 (7:5), 1:6, 7:6 (7:4), 4:6, 13:12.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

УГД по апсењето на професорката: Нема место за корупција
-

Истражување на ЕСЕ: Има корупција во здравството, но ретко кој признава дека е вклучен
-

Дали се одложуваат операции на Хирургија поради дефектот во климатизацијата?
-

Седум пожари на отворено, најкритично кај Велес
-

АСОМ ќе го оспори Законот за игри на среќа пред уставниот суд
-

Ќе има ли поевтина храна: Владата на разговори и со производителите и добавувачите
-

Протест на пелагониските земјоделци – „Државата ни должи 70 милиони евра“
-

Преглед на вестите од светот
