Ѓоковиќ остана без титула на Австралија Опен

Италијанецот Јаник Синер е првиот финалист на Австралија Опен, откако претпладнево во полуфиналниот двобој го совлада десеткратниот освојувач на грен – слем турнирот во Мелбурн, Србинот Новак Ѓоковиќ, со 6-1, 6-2, 6-7, 6-3.
Четвртиот носител во Мелбурн во првите два сета му препушти само три гема на Ѓоковиќ, по што најдобриот светски тенисер во неизвесен тајбрејк (8-6), ја намали предноста на Синер. Но, во четвртиот сет Синер му одзеде сервис на Ѓоковиќ во четвртиот гем, поведе со 3-1, и предноста од освоениот брејк ја задржа до крајот на дуелот за голема победа и пласман во финалето на првиот грен – слем турнир во новата сезона.
За Синер ова е прво грен – слем финале во кариерата.
На патот до финалето Синер не загуби ниту еден сет и воедно ја прекина импресивната серија на Ѓоковиќ од 33 победи во низа во Мелбурн.
Од триумфот во 2019 година Ѓоковиќ беше непобедлив на Австралија Опен, триумфирајќи и во 2020, 2021 и 2023, додека во 2022 не смееше да настапи, бидејќи одби да се вакцинира против коронавируст.
Ново на Сител
-

38 заразени со западнонилска треска
-

Јаневска: Училиштата редовно се дератизираат
-

Огромен пожар го проголтува Мариово, с. Крушевица засега е безбедно, но ситуацијата се менува од минута во минута
-

Нова сензорна просторија за децата со аутизам во Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Четврти смртен случај од западнонилска треска – На Инфективна хоспитализирани и помлади лица
-

Страшна и тажна слика во мариовско Чаниште, изгореа над 15 куќи и објекти, пожарот се уште гори
