Ѓоковиќ: Навистина ми беше потребна 100-тата титула пред Ролан Гарос

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, изјави дека 100-тата титула во неговата кариера, која ја освои во саботата во Женева, му била многу потребна пред почетокот на Ролан Гарос.
-Ја освоив 100-тата титула во мојата кариера, што е голема работа, навистина ми требаше тоа пред Ролан Гарос. Дојдов тука во неделата и се сетив на прославата во соблекувалната по олимпиското злато. Сега се чувствувам поинаку отколку пред две или три недели. Особено начинот на кој ги удирав топките. Бев добар на тренинг, но потоа кога ќе дојдат поразите, почнувате малку да се сомневате во вашата игра. Не сакате да бидете во таков начин на размислување кога влегувате на турнир. Ќе видиме како ќе играм тука, рече Ѓоковиќ, трикратен шампион на Ролан Гарос, при денешното обраќање до медиумите во Париз.
Ѓоковиќ ќе игра против Американецот Макензи Мекдоналд во првото коло од единствениот Гренд слем турнир на земјена подлога, а тој натпревар е трет по ред во вторник на стадионот „Филип Шатрие“, па се очекува да започне по 15 часот.
Ново на Сител
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
