Ѓоковиќ му се реваншира на Синер и го освои Мастерсот во Торино
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ победнички ја заврши Мастерс серијата. Во финалето на завршниот турнир во Торино, Ѓоковиќ му се реваншира на Јаник Синер за поразот во групната фаза. Србинот го доби финалниот дуел со 2:0 во сетови.
За разлика од првиот меѓусебен дуел, Ѓоковиќ одигра фантастично во првиот сет. Направи Србинот брејк во четвртиот гем за водство од 3-1. Тоа беше доволно да го освои сетот со 6-1 и водство од 1:0.
Уште на стартот на првиот сет Новак направи бреј, а потоа го освои и својот сервис за водство од 2-0. На следните два сервиси на Италијанецот, Ѓоковиќ пропушти вкупно шест брејк топки.
Но, тоа не му пречеше на Ѓоковиќ да го искористи својот сервис и да го добие сетот со 6-3, а мечот со 2:0.
Така во своето деветто финале на завршните АТП Мастерс турнири Ѓоковиќ триумфираше по седми пат.
Ново на Сител
-

СДСМ: Власта брза на избори
-

Преговори за бесплатен роаминг
-

Регионална конференција на сметководители во Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Народната банка со нови прогнози за инфлацијата, можно зголемување на каматите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Елена Јованова - Грујовска, директорка на Институтот „Крсте Мисирков“
-

Прва пресуда за „Пулс“: Тројца полицајци добија условни казни затвор
