Ѓоковиќ го откажа тренингот пред полуфиналето во Париз
Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот, реши да го прескокне тренингот во четвртокот, ден пред полуфиналната пресметка со Стефанос Циципас во полуфиналето на Ролан Гарос.
Фактот што Новак решил да го откаже тренингот во договор со стручниот штаб е само потврда дека тој сè уште страда од повреда што му направи проблеми во четвртфиналето на Отвореното првенство на Франција против Пабло Карењо Буста.
Шпанецот по мечот изјави дека кога и да почне да губи, Србинот се жали на повредата.
Но се чини дека неговите сомневања биле неоправдани, бидејќи Ѓоковиќ е навистина повреден – во вратот, лактот, раката, а исто така имаше проблем и со грбот.
Откажувањето на тренингот од Новак може да се класифицира и како „време за купување“ за терапии, кои му се полесни од тренинзите, со цел подобро да се подготви за жилавиот Грк.
Ново на Сител
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
