-->
-->
Георгиевски освои сребро Г1 светскиот куп во Букурешт
-->

Македонскиот таеквондист, Дејан Георгиевски успеа да освои сребро на светскиот Г1 куп во Букурешт, Романија.
Георгиевски со победите над Дарел Вудард од САД и Петрос Андреу од Кипар се избори за финале во кое за противник го имаше Ел Јазиди Омар.
Дејан во минатото успевал да го совлада Французинот (четири пати), но овојпат Омар беше на повисоко ниво и издвојува победа.
Меѓутоа без разлика на неуспехот во финалето во таборот на Георгиевски се задоволни, позитивно расположени и веруваат дека ова е само уште еден чекор кон конечната цел, пласман на Олимписките Игри кои во 2028 година ќе се одржат во Лос Анџелес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Амандманска расправа за законите за судска и јавнообвинителска служба
-

Сите осомничени за криминалот во ФФМ се обезбедени
-

Нема решение за 50-те лица кои останаа без договори за работа на Детска клиника
-

Партиите со меѓусебни обвинувања – Кој ги брка младите од државата?
-

Сиљановска: Без финансии нема независно судство
-

Фестивалот „Браќа Манаки“ ќе почне на 19. септември
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски учествува на годишниот состанок на УО Центарот за извонредност во финансиите - ЦЕФ
