Газета дело спорт: Ѓоковиќ се пресели во Атина

Новак Ѓоковиќ е еден од најомилените спортисти во цела Србија, на која и тој ѝ возвраќаше со љубов, но тоа веќе не е случај откако претседателот Александар Вучиќ го прогласи за предавник поради поддршката на студентските протести во земјата, пишува денеска италијанскиот весник „Газета дело Спорт“.
Поради оваа причина, наведува италијанскиот весник, Ѓоковиќ изминатите неколку недели донесе радикална одлука да го напушти Белград со своето семејство и да се пресели во Атина.
Српскиот тенисер веќе ги запишал своите две деца – Стефан и Тара – во училиште на англиски јазик во грчката престолнина, а ќе се насели кај своите роднини во „Глифада“, елитна населба во јужниот дел од градот.
Покрај тоа, Ѓоковиќ одлучил да го премести белградскиот тениски во Атина, и ова ќе биде единствениот турнир до крајот на годината на кој 24-кратниот освојувач на грен слем титули планира да настапи.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
-

Поништени студиите на 11 студенти од Филозофскиот факултет
