Македонија
27. May 2026 - 9:41

Гаши го честита Курбан Бајрам: Обнова на највисоките вредности на солидарноста, разбирањето и меѓусебната почит

Претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитка по повод празникот Курбан Бајрам посакувајќи благосостојба, здравје, душевен мир и среќа во семејствата. 

Гаши истакнува дека на денот на Курбан Бајрам, празникот на пожртвуваноста, хуманоста и блискоста меѓу луѓето, се обновуваат највисоките вредности на солидарноста, разбирањето и меѓусебната почит.

Овој свет празник, потенцира собранискиот спикер, нè потсетува на важноста од грижата едни кон други, споделувањето на добрината со семејството, соседите и со сите оние на кои им е потребна поддршка и човечка топлина.

- Курбан Бајрам е исто така повик за поголемо единство, мир и хармонија во нашето општество, зацврстувајќи ја вербата дека само заедно можеме да изградиме подобра иднина за сите граѓани. Во име на Собранието и во мое лично име, ви посакувам овој празник да донесе благосостојба, здравје, душевен мир и среќа во вашите семејства. Честит Курбан Бајрам! - вели претседателот на Собранието Африм Гаши во честиткатата по повод Курбан Бајрам.