Британски лекари: Социјалните мрежи се исто толку штетни за децата како и пушењето

Социјалните мрежи се исто толку штетни за децата како и пушењето, предупредуваат водечките британски лекари, повикувајќи ги пратениците да се справат со ефектите од времето минато пред екрани врз децата и младите.
Академијата на кралските колеџи на лекари подробно го објасни влијанието на социјалните мрежи врз децата во поднесувањето до владината консултација за заштита на децата на интернет што завршува во вторник. Според телото што претставува 23 медицински факултети во Обединетото Кралство и Ирска, опасноста е еднаква со пушењето и неносењето безбедносни појаси во автомобили.
„Малку прашања ги обединија толку силно клиничките стручњаци последниве години како влијанието што неограничената изложеност на технологија и уреди во мигов го има врз здравјето на децата и младите. Повеќе од половина од анкетираните 132 лекари виделе барем еден случај на штета по здравјето што може да биде поврзана со технологијата и уредите секоја недела, а повеќе од една третина го виделе неколку пати неделно. Штетата по здравјето се движеше од физички повреди, како што е гледањето екстремна порнографија, до влијанија врз менталното здравје, како што е траума од гледањето насилство на интернет“, се додава во извештајот.
Во Велика Британија се во тек консултации за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи, вклучително и можна забрана за лица под 16 години. Се разгледуваат и временски ограничувања за апликациите и ограничувања за она што се опишува како зависност од предизвикувачките дизајнерски одлики.
Австралија лани стана првата земја што ги забрани социјалните мрежи за лица под 16 години, а европските земји разгледуваат слични мерки. Законот за безбедност на интернет на Велика Британија бара од платформите на социјалните мрежи да преземат чекори за заштита на децата од нелегална и штетна содржина, а Владата вети и други мерки.
- Прашањето не е дали ќе дејствуваме – ние ќе дејствуваме, без разлика дали станува збор за забрана на социјалните мрежи за лица под 16 години или за ограничување на клучните функции, изјави министерката за технологија Лиз Кендал.
Инаку, стотици британски семејства ги тестираат забраните за социјалните мрежи и временските ограничувања на апликациите за да се види како тие влијаат на сонот, семејниот живот и училишните задачи на децата. Стручњаците се поделени околу тоа колку би била делотворна целосната забрана.
МИА
Ново на Сител
-

Одбележување на матурската и полуматурската прослава на штитениците од ЈУ Детски дом за деца без родители и родителска грижа
-

Од денеска со дозвола од „Б“ категорија може да се возат мотоцикли до 125 м3
-

Приведени 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола
-

Најевтините 10 и најскапите 10 градови во Европа за туристите
-

Лани дипломирале 7 612 студенти, 27.3 проценти во областите бизнис, администрација и право
-

Ограбен велосипедист во Скопје
-

Полицаец од Битола лажно сведочел дека возилото на неговиот брат е во сопственост на МВР за да избегне казна
-

Андоновски: Оптимистичко сценарио е укинување на роаминг со ЕУ од 1 јануари 2027, рокот не зависи од нас, туку од Унијата
