Галузин: Балтичките држави си играат со оган поради акциите против Русија

Балтичките држави си играат со оган со тоа што ги ставаат своите територии на располагање за непријателски акции против Русија, изјави денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи Михаил Галузин.
„Со тоа што се покоруваат на дисциплината на НАТО и ЕУ и ја ставаат својата територија на располагање за непријателски акции против Русија во контекст на украинскиот конфликт, балтичките држави си играат со оган. Тие добро го знаат тоа“, изјави руски дипломат, пренесен од руските медиуми.
Галузон вчера предупреди дека Москва внимателно го евидентира донесувањето одлуки поврзани со провокации против цивили, лансирање беспилотни летала против руски објекти, како и нивните локации за производство и конечно склопување, без разлика под чија јурисдикција се.
Кон средината на мај, Службата за надворешно разузнавање објави дека украинските вооружени сили подготвуваат нова серија напади врз задните области.
Според тврдењата на руското разузнавање, Киев планира нападите да ги проведува од балтичките држави со цел да го намали времето на летот.
Украинските беспилотни летала сè повеќе влегуваат во воздушниот простор на Литванија, Летонија и Естонија, иако тие земји тврдат дека не ѝ дозволиле на Украина да го користи нивниот воздушен простор за напади врз Русија, наведуваат руските медиуми.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски најави почеток на градба на нов клинички центар на почетокот на идната година
-

Поставен камен-темелник за доградба на ООУ „Димитар Беровски“
-

Психолошки лузни кај децата по разводот на родителите
-

Градот Струмица како инспирација на младите ликовни уметници
-

Силјановска Давкова на средба со Јотова во среда во Софија
-

Тема на денот со Оливер Миланов, директор на Агенција за храна и ветеринарство
-

Од полноќ нови цени на горивата, Мицкоски најави поевтинување на струјата од нова година
